ТУРЦИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД „ОВОЈ ЦИРКУЗ“: Сѐ повеќе земји се откажуваат од настапот на Евровизија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До одржувањето на следното издание на Евровизија останаа уште неколку месеци но подготовките за истото веќе се во тек.

Во Холандија не се зборува многу за „Евровизија“ сѐ уште, но сите вклучени во проектот логистички, работат интензивно во заднина. Влезниците се веќе во продажба, логото за јубилејното издание е дизајнирано, а во моментот се осмислува изгледот на сцената. Тимот е максимално организиран и верувам дека според ветувањата сѐ поврзано со фестивалот ќе биде завршено навреме – вели Игор Трајковски, претседател на „ОГАЕ Македонија“, кој живее и работи во Холандија.

Фестивалот во оваа земја го однесе Данкан Лоренс (25), кој го освои првото место на годинашниот избор во Тел Авив, Израел, со песната „Arcade“, каде што нашата Тамара Тодевска на крајот заврши на седмото место. Високиот пласман ѝ го донесе извонредната интерпретација на песната „Proud“, што ѝ ја донесе и наградата за најдобра изведба на изборот.

Македонската телевизија го потврди своето учество на „Евровизија 2020“, а во МРТ, куќата носител на официјалната лиценца за овој избор, веќе почнаа и подготовките. Одржани се неколку состаноци на кои беа повикани автори, изведувачи, новинари и поддржувачи на овој престижен фестивал и неофицијално и овој пат нашиот претставник ќе биде избран интерно.

Од земјите во регионот, Црна Гора официјално објави дека нема да учествува, поради тоа што Радио-телевизија Црна Гора не успеала да ги исполни роковите за изборот, односно уплатата на партиципацијата за учество. Минатата година Црна Гора ја претставуваше групата „Д Мол“ со песната „Heaven“.

Во Хрватска, пак, поради пPитисок на јавноста Горан Каран се откажа од учеството на „Дора“, хрватскиот избор за „Евровизија“. Причината е тоа што песната „My Legacy is Love“, како што пренесуваат хрватските медиуми, тој веќе ја извел на концертот во Високо, БиХ, а според евровизиските правила, таа првпат треба да се отпее на изборот „Дора“. Од земјите во регионот нема да учествува ниту Босна и Херцеговина, исто така заради финансиската положба на БХРТ, а и од бугарската телевизија БНТ велат дека немаат планови за враќање на овој избор наскоро, бидејќи не ѝ одговара на стратегијата на оваа ТВ-куќа, пред сѐ од финансиски причини. И РТВ Словачка нема да биде меѓу учесниците на јубилејната „Евровизија“ в година, како ни Турција, која од морални причини не сака веќе да биде дел од овој циркус. Организаторите на „Евровизија“ размислуваат во изборот да ги вклучат: Казахстан, Каталонија и Косово, но сѐ уште нема официјална потврда за тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This