ТУРЦИЈА ТЕСТИРАШЕ НОВО МОЌНО OPУЈЖЕ: Тестираше бoмбa од еден тон што ја надминa брзината на звукот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Турција спроведе многу значајно тестирање на еднотонската бомба МК-84 за општа намена, која ја надмина брзината на звукот и успешно ја проби целта од бетон, зајакнат со челик, јавува Anadolu Agency (AA).

Тестирањето е спроведено на инфраструктурниот шински систем за динамичко тестирање на боеви глави (ХАБРАС), најдолгиот двоен шински систем за тестирање во Европа, на кое присуствуваше и Мустафа Варанк, министерот за индустрија и технологија на Турција.

Министерството за индустрија и технологија истакна дека изградбата на ХАБРАС од страна на ТУБИТАК САГЕ во областа Карапинар, Коња, за динамично тестирање на ефикасноста на системите на оружје развиени како национални, започната е во јуни 2017 година, а завршена на 31 октомври истата година.

ХАБРАС со својата должина од 2.000 метри е најдолгиот двоен шински систем за тестирање во Европа. ХАБРАС, каде што брзината на звукот од бомбата од еден тон ја надмина брзината на звукот, беше свечено отворен од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во соопштението на Министерството се вели дека бомбата за општа намена МК-84, која достигна брзина од 1.850 километри на час, успешно го пробила бетонот со дебелина од 1 метар, зајакнат со челична арматура.

Во соопштението се нагласува дека претседателот Ердоган претходно бил сведок на првиот тест извршен во странство за кој биле платени високи цени. При тестирањето минијатурна боева глава од класата за пробивање, со тежина од 113 килограми, таа успешно стигнала до целта.

– Тестирањето е прво од ваков вид во одбранбената индустрија –

За првпат во одбранбената индустрија тестирана е еднотонската бомба МК-84 за општа намена, со карактеристика за делумно пробивање, а брзината на бомбата МК-84 беше 1,5 пати поголема од брзината на звукот. Министерот Варанк успешниот тест го објави преку социјалните медиуми, на неговиот официјален профил на Твитер.

„Бевме сведоци на историски моменти во инфраструктурата ТУБИТАК САГЕ ХАБРАС, свечено отворена од страна на нашиот претседател Ердоган. Во спроведеното тестирање, муницијата со тежина од околу 1 тон, стигна до брзина 1,5 пати поголема од брзината на звукот. Тоа е голем успех за одбранбената индустрија“, напиша Варанк.

Во соопштението на министерството се наведува дека во ХАБРАС се спроведуваат тестови за ефикасноста на националните системи за оружје при фазата на производството, тестирање на сериски произведената муниција. Во ХАБРАС, исто така се тестираат и системите за оружје купени од странство од страна на Турските вооружени сили, и тоа во оперативни услови врз различни цели.

– Тајноста е заштитена –

Во соопштението се посочува дека тестовите што морало да се спроведуваат во странство пред ХАБРАС, биле следени од земјата домаќин.

„Добивањето дозвола за тестирање од земјата, напредувало паралелно со дипломатските односи со таа земја. Со ХАБРАС веќе нема потреба од процесот за добивање дозволи. Од друга страна пак, заштитена е доверливоста на тестовите. Инфраструктури слични на ХАБРАС има во мал број земји – САД, Англија, Франција, Германија, каде што се развиваат сопствени системи на оружје“, се нагласува во соопштението од Министерството за индустрија и технологија на Турција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This