- Advertisement -
На 13.04.2021 околу 07.45 часот пријавено е дека во атар на општина Чашка, на место викано „Крштевица”, М.О. (70) од Велес, додека извршувал земјоделски работи во нива со трактор, се превртел и се здобил со тешки телесни повреди.
Лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Терезаза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа на СВР Велес.