Уапсен главниот осомничен за пожарите во Атина: Се обидел да ги прикрие трагите, па е уапсен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден маж на возраст од 65 години е приведен како главен осомничен за подметнување на пожарите во источна Атика, недалеку од Атина минатиот понеделник.

Мажот чиј идентитет не е откриен во јавноста, навдно е жител на градот Пантелија, во северниот дел на Атика.

Според зборовите на неговите соседи во минатото палел ѓубре и суви гранки, а пред обвинителството сведочеле девет лица кои го сметаат одговорен за предизвикување пожар.

Осомничениот наводно палел трева и сувигранки на ридот над Пантелија кога искрите брзо ја зафатиле останатата вегетација. Поради високите температури и силните ветрови кои дуваа во оваа област, стихијата брзо поприми несогледливи размери.

Како што пренесува телевизијата Скај, откако сфатил какви размери добил огнот, а посебно по трагичните исходи, осомничениот маж се обидел да ги прикрие трагите со земја, песок и вода на почетната точка од каде е предизвикан пожарот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This