Уапceни четири лица откако отcтраниле пломба од угостителски објект

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контроли во 229 угостителски објекти во однос на тоа дали се почитуваат мерките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на Ковид-19.

– При контролите било констатирано дека еден објект не ги почитува мерките, односно во објект на бул.„Јане Сандански“, кој претходно бил затворен со пломба, биле затекнати А.Д. и И.Г. од Скопје, М.Т. од Нов Дојран и Д.Т. од с.Самоков, Македонски Брод. Тие биле приведени во Полициската станица Аеродром поради сомнение дека извршиле кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“, предвидено и казниво по член 398 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This