УЕФА побара од Украина да го отcтрани политичкиот слоган од дресовите на фудбалската репрезентација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) побара од украинскиот фудбалски сојуз да го покрие слоганот „Слава на хероите!“ на дресовите на украинската репрезентација, соопшти прес-службата на УЕФА за Спутник.

По вчерашното соопштение на таа тема, би сакале да објавиме дека побаравме од украинскиот тим да го покрие слоганот „Слава на хероите!“ кој се наоѓа во внатрешноста на јаката на дресот. Дали се отстранети ќе проверува делегатот на натпреварот на УЕФА пред секој натпревар на тимот на турнирот“, објави прес-службата.

Претходно денес, Извршниот комитет на Украинската фудбалска федерација одобри слоганите „Слава на Украина“ и „Слава на хероите“ да станат официјални фудбалски симболи на Украина.

Да потсетиме, УЕФА изјави дека дизајнот на предниот дел на дресот со контурата на земјата, кој го вклучува Крим во нејзиниот состав, не бара никакви измени, според резолуцијата на Генералното собрание на ООН за територијалниот интегритет на Украина. УЕФА исто така потврди дека слоганот на надворешниот дел од дресот – „Слава на Украина“ е одобрен во 2018 година. Исто така, се посочува дека слоганот „Слава на Украина“ може да се сфати како неполитизирана фраза, затоа може да се користи на дресот на националниот тим.

Меѓународната фудбалска федерација, од своја страна, најави дека ќе остане неутрална во политичките прашања и истакна дека прашањето за украинскиот дрес на Европското првенство во фудбал е во надлежност на УЕФА.

Слоганот „Слава на Украина! Слава на хероите!“ беше создаден за време на Втората светска војна, како поздрав до припадниците на Организацијата на украински националисти и Украинската востаничка армија, чиј водач беше Степан Бандера, кој исто така соработуваше со нацистите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This