Ужac во Хрватска: Бебе во тeшка состојба откaко пpoголтало ekcтази зaборавени на маса

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесетмесечно бебе беше хоспитализирано во тешка состојба во Пула, Хрватска откако проголтало екстази заборавени на маса. Општинскиот суд привремено им го одзеде старателството на неговите родители и по лечењето тоа е сместемо во Дом за деца, каде ќе остане до судската завршница во случајот против неговите родители. Инцидентот се случил на почетокот на јануари, откога родителите не го виделе детето.

Како што пренесува „Глас Истре“, после новогодишна дружба со двајца пријатели, младите родители оставиле таблети на масата и како што тврдат и двајцата, сосема заборавиле на нив. Во сплет на несреќни околности, нивното 20-месечно дете ја пронаоѓа дрогата и ја голта. Откако му се слошило, загрижените родители го носат во болница, но, како што се наведува во обвинението против нив – тие не напоменале дека бебето голтнало екстази, со што го отежнале лечењето на детето, кое било во моментот било во животозагрозувачка состојба.

Родителите уште ноќта биле уапсени под сомнение дека направиле кривично дело – повреда на детските права, а дури подоцна анализата на крвта покажала дека тоа голтнало екстази.

Мајката и таткото тврдат дека не знаеле дека нивното дете ги голтнало апчињата, туку дека го одвеле на болница веднаш штом му се слошило. Вечерта на Нова година пушеле и марихуана, а во тоа време бебето било кај неговата баба.

Во текот на овој месец неколкупати се тестирале за да покажат дека не конзумираат дрога, туку дека тоа бил исклучок. Велат ќе направат сè што треба за повторно да бидат покрај своето дете.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This