УКРАДЕНИ 2.5 МИЛИОНИ ЕВРА: Функционер на СДСМ инкасирал 2,5 милони евра за 3 години од тендери на Општина Струмица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема крај на тендерската мрежа на струмичкиот градоначалник Зоран Заев. Освен неговите роднини и пријатели, од парите на струмичани се богателе и луѓе во највисокото раководство на СДСМ. Последната гас афера на Бихаќка е само доказ за тоа.

abdal_sdsm

Ова е Митко Андреевски, Претседател на комисијата за енергетика на СДСМ. Тој е управител на фирмата СИ ЕН ЏИ СИСТЕМС сопственост на неговата сопруга. Интересно е што општина Струмица до сега направила само 3 набавки на гас преку 3 тендери. Во сите три случаи, тендерот го добила фирмата на функционерот од Бихаќка. Без тендерот во 2011, за помалку од 3 години, фирмата на Андреевски, од сметката на општина Струмица инкасирала, неверојатни 2,5 милиони евра, пари на граѓаните.
Од Струмица Гас, општинското претпријатие на градоначалникот Заев денеска потврдија дека сите тендери за набавка на гас, ги добила фирмата на Претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ

Китанов денеска призна дека фирмата со која раководи, гасот го набавува по цена од 24,4 денари за метар кубен.
Последните податоци од ЕЛЕМ покажуваат дека оваа државна компанија која набавува гас за греење на скопјани, за истата количина од метар кубен плаќа, 13 денари, што покажува дека фирмата на функционерот на СДСМ прави чист ќар од 11 денари по метар кубен.
Математиката вели преку последниот тендер вреден близу 37 милиони денари со цената од 13 денари по која ЕЛЕМ го купува гасот, фирмата на функционерот на СДСМ, Андреевски, можела да купи над 2,8 милиони кубни метри гас. Кога сите тие би им ги продала на струмичани, фирмата Си Ен Џи на Андреевски би остварила чист профит од над 500.000 евра.
Тендерските комбинации на Заев неговите роднини и сопартијци не се ништо ново за струмичани. Медиумите ја објавија целата тендерска мрежа на струмичкиот градоначлник преку која, милиони евра пари на струмичани завршувале во фирмите на Вицето, но и таткото, чичкото, стрините и блиските пријатели на кланот Заеви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This