УКРАИНА СЕ НАДЕВА НА НОВ ДОГОВОР СО РУСИЈА ЗА ГАСОВОДИТЕ ДО ЕВРОПА: Украина очекува нов договор со Русија со подобри фининасиски услови за нив!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва ќе мора да потпише нов договор со Киев за спроведување на гас до Европа, изјави заменик министерот за енергетика на Украина, Наталија Бојко.

Русија ќе принудена на овој чекор бидејќи проектот „Северен тек 2“ нема да може да се реализира на време, смета Бојко.

„Договорот има важност до 1ви јануари 2020 година, а гасоводот до истекот на рокот нема да биде завршен. Русија ќе мора да пронајде начин да дистрибуира гас низ Европа, ним тоа им е јасно“, рече таа додавајќи дека одовлекувањето од страна на Русија дополнително ќе ги искомплицира финансиските преговори.

Проектот „Северен тек 2“ опфаќа изградба на две линии гасовод со вкупен капацитет ок 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото море до Германија. Преку  гасоводна линија „Северниот тек 2“ би требало да биде и новиот гасовод.

Неколку држави се против изградбата на гасоводот, пред се Украина, која смета дека транспортот на руски гас ќе и донесе финансиски загуби, како и Соединетите Американски Држави, кои сакаат и самите да ја снабдуваат Европа со гас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This