УКРАИНЦИТЕ KOHTPA МАЛЕСКИ: Мисирков е македонски деец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спомен-плоча во украинскиот град Одеса го дефинира Крсте Петков Мисирков како македонски деец, а не бугарски, како што го претстави првиот министер за надворешни работи на независна Македонија, Денко Малески, во интервју за бугарската ТВ Европа.

„Во овој дом од 1909 до 1913 год. живееше и работеше македонскиот научник и културно-национален деец Крсте Петков Мисирков (1874-1926)“, пишува на украински јазик на мермерната плоча од фотографијата објавена на Твитер-профилот Егејска – Беломорска Македонија, Aegean Macedonia@AegeanPart.

Написот не соодветствува на кажаното од Малески во емисијата „Слободна зона“ на ТВ Европа за авторот на „За македонцките работи“, роден во Постол, Ениџевардарско, Егејска Македонија.

„Тој (Крсте Петков Мисирков) е Бугарин, очигледно, кој зборувал за национален сепаратизам и затоа бил критикуван. Мотивите му биле јасни. Има едно добро научно објаснување во таа негова книга ‘За македонските работ’, која е полна со еден збор кој е карактеристичен за модерната научна мисла. Цело време низ таа мала книшка провејува зборот ‘интереси’. Кои се интересите на големите сили, кои се интересите на Македонија, кои се интересите на соседните земји… Ништо од тоа не се остварува, Балканските војни се случуваат и кога фондацијата Карнеги испраќа една комисија да ги истражи војните, тие во книгата пишуваат: Да, сигурно најдобро ќе беше оваа територија, на последната европска провинција на Отоманското царство, да беше прогласена за посебна држава, како и другите балкански земји. Се разбира, мултиетничка држава“, рече Малески во неодамнешното интервју, во кое и Гоце Делчев го идентификува како Бугарин.

Извор: Експрес

Latest News

B52Club Your Ultimate Gaming Destination in the City [088.Casino]

Are you a gaming enthusiast looking for the ultimate gaming experience in the city? Look no further than B52Club,...

More Articles Like This