УКРАЛ ВОЗИЛО, ПА ОТИШОЛ ВО СЕНДВИЧАРА: Штипјанец нападнал полицајци, откако украл возило и седнал да јаде во сендвичара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 18 часот и 25 минути вчера во Штип на улицата „Кирил и Методиј“, од страна на полициски служеници од Полициската станица Штип било забележано патничко моторно возило „Рено Канго“ со штипски регистерски таблици сопственост на З.Ш. кое предходно било пријавено за одземено.

Потоа на една од масите во сендвичарата бил забележан 38-годишниот Б.ХЈ. од Штип кој претходно го управувало возилото. Полициските службеници пристапиле за легитимирање, но истиот физички ги нападнал.

Од страна на полициските службеници лицето било приведено и задржано во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This