УКРАЛ ПИШТОЛ, ПА КИДНАПИРАЛ СТАРИЦА: Драма во тетовско Нераште!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ќ. (38) од село Нераште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба”, „противправно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста”.

Во петокот, околу 06.30 часот во село Теарце, тетовско, во домот на В.Ѓ. (69), пријавениот откако одзел гасен пиштол со него упатил закани по животот кон неа, по што ја заклучил во куќата.

Потоа, пријавениот се вратил во неговиот дом каде започнал расправија со неговата мајка Ш.Ќ. (71), по што таа пријавила дека била психички малтретирана од него. По преземени мерки, пријавениот бил лишен од слобода, му бил одземен пиштол „МД92ФС БЛОУБЕК”, а во разговор во полициска станица ги признал делата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This