April 27, 2024, 11:58 pm

УНГАРИЈА БИ МОЖЕЛА ДА ГО БЛОКИРА ВЛЕЗОТ НА СЕВЕРНА ВО ЕУ: Ако Македонија го промени името, Унгарија би можела да го блокира зачленувањето?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се погласни се негодувањата од страна на САД дека Унгарија ќе стави вето врз евентуалниот обид на Украина да стане земја членка на НАТО, нешто што Орбан го подготвува и за Македонија ако стане Северна, пренесува „Магазин“

На ваквите најави кои не се потврдуваат, но ни негираат од кабинетот на Орбан, се огласија и од САД и од НАТО.

САД ја повикаа Унгарија да ги подобри односите со соседна Украина и да не се обидува да ја блокира соработката на Киев со НАТО, бидејќи „ако Украина не успее, Унгарија ќе биде на линијата на руската агресија“. – објави Амбасадата на САД во Будимпешта.

Унгарија ја обвинува Украина за кршење на образовните права на етничкото унгарско малцинство и се заканува како соодветна мерка да ги блокира напорите на Киев за приближување кон НАТО и ЕУ.

Американскиот амбасадор во Будимпешта, Дејвид Корнштајн изјави пред Парламентарната комисија дека Унгарија може да стори повеќе за „давање поддршка на сојузниците“ во време кога, како што рече, „Русија претставува нова закана за Украина и Европа“.

Сега, повеќе од кога и да е, Русија го става Западот на тест. Нашата силна убеденост е дека како сојузници во Алијансата, најдобриот начин да се промовираат реформите во Украина е да се разговара со неа, а не со блокирање на нејзиниот ангажман со НАТО. – вели Корнштајн.

Според него, Унгарија, која во голема мерка зависи од руската нафта, гасот и нуклеарната експертиза, си игра со оган преку додворување на претседателот Владимир Путин.

Путин не е заинтересиран за националниот суверенитет, неговата визија е неоимперијалистичка. Ако Украина не успее, Унгарија ќе биде на линијата на фронтот на руската агресија. -посочи американскиот дипломат.

Унгарскиот државен секретар за надворешни работи, Левенте Модјар изјави пред Парламентарната комисија дека разликите меѓу САД и Унгарија не се стратешки и дека се надева оти дијалогот ќе помогне да се корегираат.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги поддржа западните санкции против Русија поради анексијата на полуостровот Крим и проруските сепаратисти во Источна Украина, но истовремено ги критикуваше тие мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This