УТЕШHA НАГРАДА: Потпретседателката на францускиот Сенат Конве-Муре во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателката на Сенатот на Франција Елен Конве-Муре утре доаѓа во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, со претставници на собраниските тела и на пратеничките групи.

Посетата на Конве-Муре, како што се наведува во соопштението од Амбасадата на Франција, го одразува јакнењето на француско-македонските парламентарни размени во перспектива на европскиот пат на земјата кој останува сосема актуелен.

Оваа посета, што се реализира во рамки на Француската стратегија за Западен Балкан, ги реафирмира односите на доверба и пријателство меѓу францускиот Сенат и македонското Собрание, како и кон граѓаните во целина, се нагласува во соопштението.

Сенаторката Конве-Муре која учествуваше во изготвувањето на Предлог-законот за ратификување на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, што минатиот месец во прво читање помина во Сенатот на Франција и се очекува наскоро да биде усвоен во Националното собрание, ќе се сретне и со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, со пратеничката група за соработка со францускиот Парламент и со претседателите на собраниските комисии за одбрана и безбедност, за надворешна политика и за европски прашања, Хари Локвенец, Антонио Милошоски и Артан Груби.

Предвидено е за време на нејзината дводневна посета на земјава да се одржи и конференција во Дипломатската академија на МНР на која ќе се расправа за еволуцијата на европската одбрана.

Конве-Муре ќе ги посети Француските воени гробишта во Скопје, како и Спомен-куќата и музеј која беше свечено отворена во мај 2018 година, за да им оддаде почит на 3.000 војници кои почиваат таму.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This