УТРЕ ЗАТВОРЕНИ НЕКОЛКУ СКОПСКИ УЛИЦИ: Посебен сообраќаен режим поради „Скопје на точак 2019″

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Посебен режим на сообраќајот ќе биде воведен утре во Скопје поради велосипедската трка „Скопје на точак 2019″.

Трката почнува во 11.00 часот, а трасата на движење на учесниците со велосипед ќе биде од фонтаната „Лотос” во Градски парк, право по булеварот „Илинден”, лево по ул.„Љубљанска”, лево по бул.„Партизански одреди”, лево по бул.„ВМРО”, па десно по бул.„Гоце Делчев”, десно по бул.„Крсте Петков Мисирков”, во продолжение по бул.„Кочо Рацин”, десно по ул.„Свети Кирил и Методиј”, десно по бул.„Свети Климент Охридски”, лево по бул.„Илинден”, до пред фонтаната „Лотос” во Градски парк.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедската трка.

„Скопје на точак 2019″ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This