УТРЕ ПPOTECTИ ВО ЛИСИЧЕ: Жителите најавија блokиpaње на булеварот „12 Македонска бригада“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на населбата Лисиче за утре изутрина најавуваат протест во 7 часот.

Според најавите, мирниот протест ќе се одржи со блокирање на булеварот 12 Македонска бригада, на раскрсницата кај последната автобуска постројката кај каналот.

-Целта на овој протест е да го покажеме нашето незадоволство од тоа што со години никој не презема одговорност за безбедноста на овој булевар. До сега добивавме само пинг понг реторика меѓу општинските и градските власти околу надлежноста и обврските за овој булевар, но решение не добивме. Жителите на Лисиче и понатаму секојдневно се во опасност преминувајќи го булеварот. Прашуваме до кога ќе чекаме сообраќајно решение за булеварот? Уште колку деца треба да го загубат животот пред некој да се сети на 12 Македонска бригада и лисичани и лисичанки?, информираат граѓаните.

Тие бараат од надлежните институции да го решат овој проблем со итно донесување на сообраќајно решение кое ќе нуди безбедност за жителите на Лисиче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This