Утpo co минyc 18, тeмпepaтypитe ocтaнyвaaт пoд нyлaтa, cнeгoт ќe пaѓa дo кpajoт нa дeнoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Студено утро во цела земја, со врнежи од снег кои ќе престанат кон крајот на денот и температура измерена меѓу минус 18 и минус шест.

Најстудено со -18 било на Попова Шапка, во Маврово и Крушево се измерени -15, минус 11 во Берово, и Охрид, -10 Крива Паланка, Прилеп, Битола, Претор и Дебар, -9 Штип, Тетово и Куманово, -8 Скопје, -7 Струмица и Демир Капија и  -6 во Гевгелија.

Снег најмногу 65 сантиметри има на Попова Шапка, 38 Маврови Анови, 36 Крушево, 33 Битола, Дебар, 32 Пожаране, 25 Тополчани, 24 Штип, 23 Претор, 22 Охрид, Тетово, Прилеп, Гостивар, 20 Берово, 19 Демир Капија, 17 Крива Паланка, 16 Ѓуриште, 11 Струмица, 9 Куманово, 7 Скопје Зајчев Рид.

УХМР најмногу врнежи регисрирал 37 литри на метар квадрат во Дебар, 31 Маврови Анови, 25 Претор, 22 Крушево, 19 Тетово, 18 Битола, 16 Д.Капија, 14 Охрид, 10 Берово, 9 Струмица, 6 Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Куманово.

Во текот на денот не очекува облачно и многу студено со врнежи од снег и умерен ветер претежно од северозападен правец. Врнежи од снег ќе има особено претпладне. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а најдолго ќе се задржат на југот од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -8 до -2 степена. Во Скопје времето облачно и студено, претпладне и околу пладне со слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу -4 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This