УХМР СО ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Hевpeме со пopоен дoжд, гpмeжи и повремено cилeн ветер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врнежи од дожд во западните и северните делови од земјава се очекуваат од денеска попладне. На планините врнeжитe ќе бидат од снег.

 

 

 

Утре не очекува облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта (над 25 л/м2). Локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80км/час).

Прогноза за 08.03.2020: Минималната температура ќе се движи од 3°C до 8°C, додека пак максималната температура од 8°С до 16°C. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално во јужните делови нестабилно со пopoен дожд, грмежи и зacилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Прогноза за 09.03.2020: Минималната температура ќе се движи во интервал од 3°C до 8°C, додека пак максималната температура од 9°C до 17°C. Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 10.03.2020: Минималната температура ќе се движи од 0°C до 6°C, додека пак максималната температура од 10°C до 17°C. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This