Автомобил вечерва удри уште еден моториклист во скопската населба Даме Груев, кај училиштето Страшо Пинџур.
Полицијата вршеше увид на местото на настанот, а не е познато со каки повреди поминал моторциклистот.
Сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл и комбе се случила на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” попладнево.
Од полицијата ја потврдуваат несреќата која кај нив е пријавена во 14:50 часот и додаваат дека по полицискиот увид ќе бидат познати повеќе детали.
Според информациите од терен, на лице место се наоѓаше и возило на Брза помош, најверојатно поради повреди на мотоциклистот.