УШТЕ ТРИ ЛИЦА ИНФИЦИРАНИ ОД СМРТОНОСНАТА ИНФЕКЦИЈА: Арбен Таравари троши пари на шетање во САД наместо да купи реагенси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока температура, пролив, повраќање… Тие заедно со четворицата кои без хоспитализирани со истите симптоми на Клиниката се со полесна клиничка слика.


Во меѓувреме се уште се чекаат резултатите од анализите за утврдување на причината за смртта на двете лица од гостиварското село Симница кои починаа на Клиниката за инфективни болести откако биле донесени во тешка здравствена состојба.

Додека луѓето се дијагностицираат со тешки инфективни болести, предизвикани од напливот на глодари кои предизвикуваат, засега локализирана епидемија, министерот за здравство се шета во САД со пари од буџетот на министерството, пари кои наместо за набавка на реагенси биле потрошени за да се покријат трошоците за патувањето на министерот.

Но, тоа можеби и не е најстрашно. Она што највеќе загрижува е спремноста на оваа влада и Таравари од граѓаните да кријат информации кои се од витално значење за нив, во случајов информации кои може да значат живот или смрт. Недозволиво е министер за здравство да крие од јавноста дека во одреден регион постои епидемија од која починале неколку луѓе, а во исто време парите да ги троши за реклами, и скап ПР.

Наместо живот со СДС, очигледно граѓаните добиваат прикриена смрт.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This