Уштe нe им дoaѓa пaмeт: 3aтвopeн yгocтитeлcки o6jeкт вo тетовско, coпcтвeникoт пpивeдeн, зaтeкнaти билe пoвeќe cтpaнcки дpжaвjaнки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 01.03.2021 во 21.10 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на З.С.(48) од с.Желино.

Притоа, било констатирано дека објектот работи по дозволеното време и внатре биле затекнати повеќе лица – гости и странски државјанки кои ги забавувале гостите.

Објектот бил затворен, а З.С. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Во полициска станица биле приведени и шест албански државјанки по член 418 од Кривичниот законик и поради злоупотреба на туристичкиот престој. По целосно документирање на случајот и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This