У6иcтвo во Cкoпje

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Убиство во скопско Инџиково се случило синоќа околу полноќ, потврдуваат од МВР за Курир.

За Курир од Министерството истакнуваат дека официјални информации и детали за настанот ќе соопштат во текот на денот.

Во меѓувреме, Алсат телевизија повикувајќи се на неофицијални информации објави дека лица маскирани во фантомки и вооружени влегле во куќата на 49 годишен жител кој бил во домот со сопругата и истите ги легнале во ходникот, додека во друга соба имало роднини.

-Вооружените лица им побарале пари, откако Исопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол кон него и го погодил во пределот на главата, по што починал, објавува Алсат телевизија.

Неофицијално, лицата избегале во непознат правец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This