Уkpaден најстариот рачно напишан Куран од џамија во БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најстариот рачно напишан Куран е украден од џамијата Атик во Фојница, во центарот на БиХ, каде се чува со години.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Централниот босански кантон, Хасан Хоџиќ, за сараевскиот портал Кликс потврди дека е пријавена кражба на Куранот, како и дека полицијата излегла на лице место и извршила истрага.
„Во соработка со надлежното обвинителство, полициските службеници преземаат мерки од нивна надлежност за расветлување на тоа кривично дело. Ова дело најверојатно ќе се третира како сериозна кражба на културно добро или нешто од посебно научно, уметничко, историско или техничко значење“, рече Хоџиќ, пренесува Танјуг.

Џамијата Фојница Атик е изградена во 1551 година од Мустафа Син Хидру или Хадр, а украдениот Куран првично бил пронајден во ѕидот на џамијата откако бил изгорен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This