Фалсификатите во Македонија доаѓаат од Кина и Турција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фалсификуваната стока што стигнува во Македонија е од Кина и Турција, а најмногу подложни на фалсификување се бонбоните, пенкалата, текстилот, обувките, козметиката и модните додатоци.

Податоците на Царинската управа на Република Македонија покажуваат дека 48 проценти од привремено задржаната стока по основ на повреда на правото од интелектуална сопственост е од Кина, додека 46 проценти е од Турција.

–  Од јануари до јули годинава во 35 акции се задржани над 37 милиони парчиња стока поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Во вкупната количина доминира учеството на  бонбони 41 проценти, 40 проценти се пенкала, седум проценти текстилни производи, над четири проценти обувки, над три проценти козметички производи и околу четири проценти модни додатоци, информираат од Царинската управа.


Фалсификуваната стока, согласно закон, може царината наместо да ја уништи и бесплатно да ја отстапи. Се отстапува облека и обувки за семејства од социјален ризик, како и за санирање последици од елементарни непогоди. За да се отстапи фалсификуваната стока треба согласност од носителот на трговската марка, а треба да се обезбедат и уверенија од надлежните органи дека стоката е безбедна за користење. Пред да се предаде стоката се отстрануваат и обележјата на трговската марка.

Со цел подигнување на свеста на граѓаните за можните штетни последици од употребата на фалсификати во април оваа година Царината почна и јавна кампања под слоганот  „Стоп за фалсификуваните производи“.

– На 5 април 2018 година, започнавме со активностите што беа реализирани во просториите на трговскиот центар Сити мол каде беше поставен штанд со изложени примероци од запленети фалсификувани  производи. На граѓаните им се делеа и флаери и царинските службеници во разговор со нив разменија информации за сè што презема Царинската управа во борбата против фалсификатите, како и информации за штетните последици од фалсификуваните производи и начините за лесно препознавање на  фалсификуваните производи, истакнуваат од Царината и додаваат дека Царинската управа останува фокусирана на заштита на корисниците од купувањето на фалсификуваните производи бидејќи тие претставуваат огромен ризик за здравјето на луѓето, додека светската економија бележи огромни загуби поради дејствија поврзани со производството и пуштањето во оптек на фалсификувани производи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This