ФАНОВИТЕ ЈА СМЕТААТ ЗА ЛАЖГА: Емина Јаховиќ не признава дека има пластични операции на себе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако Емина Јаховиќ денес важи за една од најубавите жени на српската страда, и врапчињата на гранките на големо коментираат дека тоа е така поради фактот што има направено неколку естетски корекции на себе.

Таа не зборува често на таа тема, но сега откри дека имала корекција на носот.

Кога веќе станува збор за операции и корекции сакам да ви кажам од прва рака дека не себе немам направено ниту една пластична операција, освен корекција на носот, кој за прв пат го скршив кога имав 14 години. На 14 години не можев да се оперирам бидејќи коските на лицето се уште се развиваат, па морав да почекам и тоа да го направам на 21 година, напишала Емина на Твитер.

Сепак многумина од фановите не и веруваат, а има и такви кои и порачаа дека е голема лажга.

Инаку Емина Јаховиќ е родена во Нови Пазар на 15 јануари 1982 година. Нејзината витка линија и голема сличност со актерката Пенелопе Круз и го донесе прекарот – српската Пенелопе. Таа е популарна пејачка во Србија, Босна и другите земји на поранешна Југославија но и во Турција. Досега Емина има изработено четири албуми од кои произлегоа многу хитови. Нејзината популарност и убавина и ја донесе главната улога во хит серијата Лале која се емитуваше на програмата на Канал 5.

По најавувањето на Емина Јаховиќ дека ќе се појави на иста модна писта со топ моделот Андирана Лима, тоа и се реализира. Имено, тие се појавија на ревијата на познатиот бренд Dosso Dossi , која што се одржа во Анталија, Турција, каде што Емина изведе неколку свои песни, а Андриана ги носеше моделите од истоимениот бренд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This