ФАРСА И ПОПУЛИЗАМ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР: Богдановиќ свикал вонредна седница на совет само за да им прочита одлука од Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За вчера во општина Центар била закажана вонредна седница на Советот на општината со точка на дневнен ред која требало да ја третира алармантната сосотојба со енормното загадување на воздухот во централното подрачје во гредат.

Откако започнала седницата на советот, советниците и останатите присутни на седницата очекувале конкретна и констрактивна расптава за одредени мерки кои општина Центар би ги спровела и реализирала во борбата со загадувањето.

Градоначалникот на општина Центар, се појавил на седницата со еден лист хартија на која била напишана одлуката на Владата со која се предвидуваат „неверојатни“ два милиони евра за борбата со аерозагадувањето во државата.

Наместо издржана дискусија и предлог морки, седницата се претворила во промоција и отчет на владата и општина Центар и сработеното до сега однос на мерките и активностите.

Советниците на опозицијата, но и дел од советниците на СДСМ дале забелешка дека за ваква промоција не е потребана вонредна седница, бидејќи сето ова можело да биде напишено во еден допис или брифинг до советниците и истиот да биде испратен до сите советници по електронски пат или по пошта.

Седницата се претворила во фарса, а генералниот заклучок бил дека станува збор за популизам, а градоначалникот Богдановиќ глуми загрижен и единствената причина заради која ја свикал оваа вонредна седница е за да може да се пофали во јавноста и медиумите дека бил загрижен и дека го третира проблемот со загадувањето.

Дел од советниците на СДСМ побатале седницата да се прекина, бидејќи ниту имало поента да се чита и презентира одлука на влада која била донесена пред два дена и сите веќе се запознаени со истата.

По кратка тензична расправа и препукување, седницата била прекината без ниту еден конкретен предлог за борбата со аерозагадувањето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This