Фатен жив: Сашо Ордановски бил на платен список на Катица Јанева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашата позната новинарска „ведета“, Сашо Орданоски, кој беше дел од тимот на Боки 13, изгледа примал „новинарски додаток“, пишува Канал 5.

Сашо Орданоски , еден од „ведетите“ на сега веќе „мртвата“ 1ТВ, во периодот кога работел токму кај Бојан Јовановски изгледа тешко „спојувал крај со крај во месецот“, па одлучил да соработува и со , верувале или не – СЈО на Катица Јанева?!
Според алатката на Министерството за Финансии, наречена „Отворени финасии“, може да се види дека нашиот колега 8 пати во текот на 2018 година добил средства од СЈО во вкупна вредност од 255.000 денари.

Она што е крајно симптоматично е фактот дека „колегата“ Орданоски, додека работел за медиум, во овој случај 1ТВ, во тој ист период поседувал и СЕРТИФИКАТ ЗА ДРЖАВНА ТАЈНА, и примал средства од СЈО!!!
Изгледа неверојатно, но се отвара ли можност да се поврзат овие 4 моменти ( 1ТВ, Орданоски, Јанева, Сертификат ) во една точка – која точка, ви оставаме сами да си ја замислите?

Она пак што е непознато, и што јавноста треба да го дознае – дали сертификатот бил добиен по евентуален налог на Катица Јанева или некоја друга институција , на која основа му се исплаќани средствата на Орданоски, и како е можно никој во државава тоа да не го нотирал, и истовремено да реагирал?

Покрај ова новинарската фела веќе подолг период се прашува – на кој начин се исплаќаа дел од надоместоците на вработените и хонорано ангажираните лица во 1ТВ и зошто никој од медиумите не ги заштити многуте чесни лица и професионалци кои работеа во СЈО, кои честопати ја ставаа и сопствената глава во торба, со цел да влезат во трагите на криминалот?

За крај, Добро утро и од нас, Сашо

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This