ФАТЕН НА ДЕЛО КАКО САКА ДА ПРЕДИЗВИКА XАОС:Ѓилас снимен како се преcметува со полицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 15-тиот протест „1 од 5 милиони” во Белград, демонстpантите вечерва од платото пред Филозофскиот факултет, како што најавија, тргнаа во протеста прошетка, по која ги блокиpаа влезовите во зградата на Радио-телевизија на Србија, а поголем број демонcтранти, предводени од лидерот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ, влегоа во просториите на јавниот сервис.

Во видеото кое кружи по социјалните мрежи, Ѓилас е уловен како се пресметува со полициските сили.

Меѓу нив беа и Јелена Анасосовиќ, една од лидерите на граѓанските протести, како и лидерот на опозицискиот Сојуз за Србија Драган Ѓилас, пратеничката Маринка Тепиќ и лидерот на Демократската партија Зоран Лутовац.

Дојдовме во зградата која им припаѓа на граѓаните на Србија. Дојдовме по три месеци игнорирање на информативната програма. Обезбедувањето на РТС застана на страна на народот и му дозволи да влезе, рече Обрадовиќ, кој додаде дека „нема да го напуштиме РТС додека не се промени уредувачката политика. Ги покануваме граѓаните да влезат во РТС“.

Обрадовиќ и Ѓилас разговараа и со претставникот на обезбедувањето кој побара од нив да го откажат собирот. Тие тоа го отфрлија, а потоа рекоа дека ќе преговораат со уредниците, не остапувајќи од барањата за вклучување во програмата.

Припадници на специјалната полициска единица околу 21,30 часот се распоредија долж ходниците на телевизијата, со цел да се спречат демонстрантите да се качат во другите простории на РТС.

Полицијата подоцна почна да ги изнесува демонстрантите од РТС, еден по еден, носејќи ги за раце и нозе, додека пред зградата каде имаше повеќе стотици граѓани струјата е исклучена, а атмосферата тензична.

Во Палатата на Србија, вонредна конференција одржа министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кој истакна дека „државата ќе мора да одговори на ова и секој што ќе го прекрши законот ќе биде прекpшочно и кpивично гонет“.

Се случи наcилство во многу лоша, тешка форма. Тие го демолиpаа влезот во РТС, го демолиpаа приземјето, влегоа внатре. Тие им се закануваа на новинари, користеа наcилство насекаде и ова достигна форма до која не смееше да дојде, изјави Стефановиќ.

Нападот го оcуди и српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе се обрати до нацијата утре точно на пладне.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This