ФЕЈСБУК АКЦИЈА – Да бидеме хумани и да помогнеме на две дечиња кои имаат премногу грижи за едно детство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да им помогнеме на двете дечиња кои нема кој да ги испрати на училиште. Братчето и сестричето од кумановското село Степанце со несоодветна гардероба заминуваат на училиште, а ни самите не знаат како ќе ја поминат зимата. Гладни, боси, премрзнати… Се работи за фејсбук акција за помош за децата, а сите доборнамерници се добро дојдени! Да им помогнеме заедно на братчето и сестричето.

„Здраво на сите пријатели добронамерници,
Дали ги гледате вашите и другите деца дотерани, насмеани, среќни, весели, со нова облека како се фотографираат на почетокот на учебната година?

Дали вие како родители ги испративте до училиштето и ги опсипавте со внимание, храброст, честитки, гушкање, желби за подобро утро…?
Да ?

Е на братчето и сестричето од кумановското село Степанце тоа никој не им го направи. Тие самите во оскудната гардероба која најчесто е донација и не е ниту за нивна возраст ниту некогаш купена за нив сами отидоа во локалното училиште стискајќи се и плашејќи се што ќе биде

УТРЕ и како ќе се снајдат во предстојната зима?
Овие две мали дечиња од кое едното е шесто оделение а другото (девојчето) е деветто оделение живеат во апсолутно катастрофални услови со својот 70-годишен татко кој едвај сам за себе се снаоѓа без можност некако да им помогне.

ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ СИ И СО БОГА !

Нивната мајка е одамна почината по што почнува тешкиот живот кој им го уништува детството секој ден.

Немаат храна!

Немаат облека !

Немаат прибор за на училиште !

Немаат огрев !

Немаат пристоен дом за живеење !

Немаат никаква помош од никаква институција ниту пак некое лице !

Имаат потреба од нашата помош !

Ќе ве замолам кој може со било каква донација да помогне !

Да помогнеме луѓе на едни дечиња кои имаат премногу грижи за едно детство кое ете некогаш знае да биде сурово.

Следува државен празник, 8 септември, јас со неколку пријатели ќе одам кај нав, како и до сега кога можевме го правевме тоа многу пати…
Пишете јавете ми се со цел да покажеме дека сме свесно и совесно општество, ОПШТЕСТВО ЕДНАКВО ЗА СИТЕ!“, напиша Жарко Василевски ан фејсбук.

претходниот член,Дневен хороскоп
Следната статијаКакво ќе биде времето денес?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This