ФИКТИВНИ ВРАБОТУВАЊА ВО „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“: Преку утоварач на дрва до директор на „Кајмакчалан“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имено довчерашниот подрачен раководител на министерството за земјоделие, Александар Цуцуловски, зачудувачки е вработен како утоварач на дрва во Јавното Претпријатие Македонски шуми. Според наши извори тој е близок пријател со генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, а од фотографиите можеме да го забележиме на слика со актуелниот премиер Зоран Заев и неговиот пријател Кирацовски.

Интересно е што тој од раководна позиција прифатил работно место кое неколку нивоа под неговото сегашно работно место, иако добро се познава со еден од клучните кадровици на СДСМ, Кирацовски. Сепак не станува збор за грешка, туку случај во кој целта ги оправдува средствата. Цуцуловски има многу поголеми аспирации од тоа да биде обичен утоварач на дрва, целта е да се вработи во шумското претпријатие ,,Кајмакчалан’’ во Битола, за да му се отвори правниот пат кон крајната цел директорското место во претпријатието.

Станува збор за класична манипулација со мерит системот и класичен обид за партизација на сите институции и пори на општеството. Вработувањето на Цуцуловски е фиктивно само за да се отвори патот до директорското место во ,,Кајмакчалан’’ на пријателот на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This