Филипче во функција на СДСМ отвори војна со ДУИ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали министерот за здравство Венко Филипче, најистурениот експонент на техничката влада на Спасовски во изминатите 3 месеци, кој во првиот дел од корона-кризата успеја и да изгради фингиран имиџ на професионалец, слика која се скрши и уништи со новит наплив на КОВИД-19, предизвикан од нивните политикантски игри, сега ја тргна маската и јавно заигра во функција на СДСМ и нивните интереси?

Затанцува ли овојпат ачик министерот Венко заедно со Заев во партиските игри на екс Бихаќка? Познавачите на состојбите за Курир го потврдуваат овој чин како директно мешање на Филипче во битката за албански гласови, која е се понагласена и истакната како последна сламка за спас на СДСМ на изборите на 15-ти јули.

Констатацијата неминовно доаѓа откако Филипче го разреши Арбен Зибери, директорот кој е кадар на ДУИ и кандидат за пратеник на Интегративците. Под маска на наводни професионални стандарди, Зибери е всушност казнет што призна и соопшти како навистина и реално функционира Комисијата за заарзни болести – по барање на Власта и нејзин диктат.

„Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот,“ пишаа од МЗ, информирајќи дека албанскиот директор е заменет со д-р Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов ВД директор на Центарот.

Со изјавата во која Зибери кажа дека издејствувал да се отворат границите за да Албанците од странство гласаат, тој всушност ја кажа вистината за Комисијата која под политички диктат заради огромната желба на Заев за избори на 14. Јуни (првичното барање на СДСМ) претходно ги укина мерките, акт кој придонесе за сегашниот наплив на заразени и починати од корона во Македонија.

Зибери вчера го нападна Филипче и не му премолчи за најавата за смена и соопшти уште една вистина – дека Филипче постојано ја злоупоребува владината говорница за партиски цели на СДСМ:

„Министерот Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања. Јас сум кандидат за пратеник и имам право на мојот приватен фејсбук профил да имам и политички ставови, при тоа во ниту еден момент злоупотребувајќи ја институцијата која ја водам како што за жал прави министерот,“ изјави Зибери, со што најверојатно и ја предизвика одлуката на Филипче кој ен издржа и му врати на ФБ.

Дали сега Филипче глуми строг и правичен министер за да го дигне сопствениот рејтинг или, сепак, е маринета која отвора поле за директен судир на СДСМ со ДУИ? Неговиот чин на тргање на Зибери ќе биде повод за нова политичка војна меѓу коалиционерите, а инересот е евтион, воопшто не е здравствен ниту професионален и се вика албански гласови.

Да, проблемот е што со својата изјава Зибери собра албански гласови, кои сега му се толку потребни на Заев и неговото СДСМ поради фактот што и според нивните наместени анкети Македнците се повеќе се разочаруваат од нивната не/работа и антинациоанлни дејствија. Сега партијата од екс Бихаќка ќе ги убедува Албанците дека тоа нема врска, дека границите не се отворени за да дијаспората гласа за ДУИ? Можеби Адеми или Зекири од СДСМ ќе речат дека тие се оние кои ја натерале Комсијата за да ги отвори границите, коментираат на социјалните мрежи.

Дилемата која се отвори е – Дали Филипче стана министер на „дугме“ или отсекогаш и бил?

Другата дилема е дали СДСМ ја утна работата – менувајќи директор Албанец со Македонец, наместо да се доближат со непомислен чекор се оддалечија од Албанците кои се сламка за спас на партијата и Заев на овие парламентарни избори?

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This