ФИНСКА ПРОТИВ ИСЛАМСКИТЕ ЗАКОНИ: Нема место за шеријатот во Финска, изјави финскиот министер за правда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека ја поздравуше различноста и мултикултурализмот, министерот за правда, кој се смета за ѕвезда на финската политика, изјави дека ниту една религија или култура не може да се користи за да се оправдаат кршењата на човековите права.

Говорејќи на семинарот на Енто-форумот што го организираше Советодавниот одбор за етнички односи, министерот за правда Анти Хакинен ја отфрли употребата на исламскиот закон шеријатот во Финска, објави финскиот весник Кескисуомалаинен.

“Нема место во Финска за шеријатскиот закон или други напори кон создавање паралелно општество”, истакна Хакинен.

Според Хакинен, различноста никако не подразбирала паралелни заедници, каде што основните права не може да се обезбедат. Тој, исто така, истакна дека религијата или културата никогаш не можат да се користат за да се оправда кршењето на правата или жените или девојчињата преку, на пример, присилен брак или осакатување на гениталии.

“Финска е отворена, земја која е богата со јазици и културата, и каде што основните права им припаѓаат подеднакво на сите”, рече Хакинен, истакнувајќи дека финската правда им дава еднаква заштита на сите, без оглед на нивната боја на кожа, религија, пол , култура или друга позадина.

Хекинен претходно побара построга казна за насилниот криминал и сексуални престапници, особено силувачи и злоупотребувачи на деца. Според предлогот на владата што беше разработен по барање на Хакинен, случаите кои вклучуваат силување и злоупотреба на деца треба да се класифицираат како “потежок случај на силување” и да се изрекува казна затвор до 12 години. Како резултат на тоа, максималната казна за злоупотреба на деца, исто така, може да се зголеми од четири до шест години. “Децата треба да бидат заштитени од насилство и сексуални напади со сите расположливи средства”, рече Хекинен.

Во едно неодамнешно истражување во име на дневниот весник Хелсингин Саомат, речиси три четвртини од испитаниците изјавиле дека се залагаат за построги казни за сексуални злосторства и насилни злосторствца, што е во линија со размислувањата на Хакинен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This