Финците беа во право: Кучињата откриваат kopoна како и ПЦР тecтовите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ветувачки се првите резултати од експериментот со кучиња на аеродромот во Хелсинки, кои можат да намирисаат пациенти со коронавирус, велат финските експерти.

Три кучиња душкаат брисеви земени од 2.200 патници откако е поставена пробна кабина во ходникот каде поминуваат патниците на аеродромот Хелсинки-Ванта, а вирусот го откриле кај 0,6 проценти од патниците,.

Иако експериментот треба да заврши само во декември, истражувачкиот тим вели дека првите резултати во голема мера се во согласност со стапката на откривање на вирусот на ПЦР тестовите, кои исто така се изведуваат меѓу волонтери кои патуваат по пристигнувањето.

„Направивме 16-17.000 ПЦР тестови на аеродромот и помалку од еден процент се позитивни“, изјави за новинарите Тимо Аронкито, заменик-градоначалник на Ванта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This