ФОРУМ АРМИЈА 2018: Изложени запленети беспилотни летала на сириските терористи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамките на претстојниот меѓународен военотехнички форум „Армија 2018“ што се одржува во Подмосковјето ќе биде отворена изложба на оружја кои во Сирија ги користеле терористите.

Како што изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков, ќе биде претставен цел спектар на оружје и техника кои се запленети од терористите, меѓу другото и беспилотни летала и импровизирани експлозивни направи.

Военотехничкиот форум „Армија 2018“ ќе се одржи од 21 до 26 август во подмосковскиот парк „Патриот“. Во рамките на форумот ќе бидат организирани повеќе од 150 настани во формат на меѓувладини седници, конференции, тркалезни маси, симпозиуми и брифинзи. Министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу го нарече форумот клучен настан за домашниот одбранбено-индустриски комплекс. На форумот „Армија 2018“ ќе се соберат воени стручњаци од разни земји во светот со цел размена на искуство, пренесуваат руските медиуми.

Извор

Раша Бејонд

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This