(ФОТО+ВИДЕО)НАЈМАЛКУ 26 ЖPTBИ, НАД 600 ПОBPEДЕНИ: Hови потpeси додека бpојkата на мpтви раcте (ФОТО+ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спасувачите се обидуваат да најдат преживеани под урнатините на зградите во Албанија, каде што во силен земјотрес загинаа најмалку 26 лица, а повредени се 650.

Земјотрес со јачина од 6,4 степени вчера погоди 34 километри северозападно од главниот град Тирана, додека луѓето спиеја во своите кревети во раните утрински часови.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=udfNvVqdFqI&feature=emb_logo

Најголем број загинати има во крајбрежниот град Драч и во градот Тумане, близу до епицентарот.

Стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори, некои спиеја во автомобили, додека земјотресите продолжуваа.

Околу 500 потреси се почувствуваа по првичниот земјотрес, кој се случи во 3:54 часот во вторникот. Од голем број европски земји пристигнаа тимови за пребарување за да помогнат во пронаоѓањето преживеани.

Повеќе од 40 лица се извлечени од урнатините, а премиерот Еди Рама вети дека спасувачите „ќе продолжат да бараат трпеливо и темелно до крај“.

Владата денешниов ден го прогласи за ден на жалост.

Европската комисија соопшти дека испратила екипи за спасување од Италија, Грција и Романија за да помогнат во пребарувањето, а екипи испратија и Македонија, Косово и Црна Гора.

Земјотресот во вторникот е најсилниот што ја погоди Албанија последниве децении.

Земјотресот со јачина од 6,4 степени беше проследен со силни земјотреси.

 

Во Тумане се урна петкатна станбена зграда. Дулејман Колавери, човек во 50-тите години, рече дека стравува дека неговата 70-годишна мајка и шестгодишната внука биле заглавени внатре затоа што живееле на горниот кат.

„Не знам дали се мртви или живи“, рече тој за новинската агенција Франс прес, додека рацете му се тресеа. „Се плашам за нивната судбина. Само Бог знае“.

31-годишен маж од Тумане утрово починал во болница, а под урнатините биле пронајдени уште две тела, јави Ора њуз.

Еден 24-годишник е последниот што беше најден жив веднаш откако падна ноќта во вторникот.

Но една 30-годишна жена починала неколку часа откако била извлечена жива. Нејзината ќерка починала под урнатините.

Двајца браќа се меѓу жртвите од соседно Косово, кое денеска исто така прогласи ден на национална жалост.

Стотици луѓе ја минале ноќта во шатори – или во автомобили, плашејќи се од друг потрес.

Во Драч, жена по име Букури Морина и нејзиното семејство од 10 лица им се придружија на илјадници други да ја поминат ноќта на фудбалскиот стадион.

„Се плашиме да се вратиме во нашиот стан“, рече таа за новинската агенција Ројтерс.

„Насекаде има пукнатини и се плашиме дека ќе ја имаме истата судбина како луѓето во Тумане“.

Еден човек што загина бил фатен во сообраќајна несреќа кога земјотресот распарчил делови од патот.

Друг маж почина откако по потресот во паника скокнал од прозорецот.

Сите празнувања што се совпаднаа со денот на независноста на Албанија в четврток се откажани.

Дали земјотресите се вообичаени во Албанија?

Балканот е во област склона кон сеизмичка активност, вели Би-би-си, бидејќи е блиску до линијата на раседот помеѓу Евроазиската и Африканската тектонска плоча. Албанија лежи на помала, Јадранската тектонска плоча.

Земјотресот во вторникот беше најлошиот во Албанија со децении.

Во април 1979 година земјотрес со јачина од 6,9 степени ги погоди Албанија и Црна Гора, во кој загинаа 136, а беа повредени повеќе од 1.000 луѓе.

Тој се смета за најсилниот земјотрес досега регистриран на Балканот, помоќен од скопскиот земјотрес од 6,1 степени во јули 1963 година, во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе, три четвртини од Скопје беа уништени, а 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This