Граѓаните од стамбените згради кои што се наоѓаат во централното подрачје на градот, односно околу самиот плоштад Македонија револтирани се, бидејќи градот Скопје, општина Центар и останатите надлежни претпријатија ги оставија да се дават во смет.
![](https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2021/05/gtc-gjubre-2.jpg)
Како што може да се забележи од самите фотографии, на самиот плоштад, позади Стопанска Банка надлежните претпријатија оставија да се создаде „депонија“.
![](https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2021/05/gtc-gjubre-1.jpg)
Граѓаните кои што живеат во околните згради револтирано велат дека „џабе е зелениот кров над ГТЦ, кога од околу се давиме од смет, а од комуналните претпријатија нигде ги нема“.
Имено, поради градежните активности кои што се одвиваат покрај кејот на Вардар, возилата на комуналните претпријатаија немаат пристап за да го соберат сметот, а жителите од околните згради се оставени на милост и немилост.
Видео линкот може да го погледнете ТУКА.