- Advertisement -
Азербејџанските сили утринава го гранатираа главниот град на Нагорно Карабах, Степанакерт, пренесува ерменската новинска агенција Арменпрес.
Како што е наведено, во градот се слушнале три експлозии, а биле погодени и инфраструктурни објекти.
Азербејџанските вооружени сили започнаа да го гранатираат Степанакерт. Има ранети. Една од гранатите експлодира во близина на центарот на градот, соопшти Министерството за надворешни работи на Нагорно Карабах.