(Фото+Видео) Ова е местото кое ја зема првата жртва од пожapите: Жителите на Челопек загyбија се, во солзи pacкажуваат дека немаат ниту облека, ниту каде да ја поминат ноќта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на Инфомакс рано изутрина снимаше во општината Старо Нагоричане каде падна првата жртва од големите пожари кои ја зафатија Македонија.

Се работи за пожар кој започнал во атарот на селото Челопек кој ја зема и првата жртва.

Починатата е жена во своите 60 години која обидувајќи да се засолни од пожарот била проголтана од пламените јазици во својот дом.

Во разговор со жителите и нејзиниот сопруг, никој не знае кога жената се вратила назад во куќата и која била точната причина.

Пожарникарите кои повеќе од 20 часа ги поминаа на терен велат дека сториле се да се справат огнот, но тој се ширел пребрзо, а предоцна разбрале дека има човек во куќата која беше изгорена до темел.

Во болница се наоѓа и еден од пожарникарите кои завршил под лекарски надзор поради надчовечките напори кои ги дал, но и поради вдишување на поголема количина јаглероден моноксид.

Покрај човечката жртва, дел од жителите ги загубија своите домови, но и домашните животни од кои го ваделе лебот, изгорени се и амбарите со жито, пченка и пченица, немаат храна ниту за добитокот кој преживеал, ниту за себе сведочат пред камерите на Инфомакс, раскажувајќи во солзи.

Погледнете како денес изгледаше дел од селото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This