(ФОТО+ВИДЕО) ХРВАТКА БЕШЕ ДЕЛ ОД СЕРИЈАТА ПРИЈАТЕЛИ: Никој не ја ни забележа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во втората епизода од третата сезона на „Пријатели“ – The One When No One’s Ready – има сцена на која најверните фанови сигурно се сеќаваат, а тоа е моментот кога Чендлер влегува и кажува како решил тест од магазинот „Космополитен“ и дека според резултатите, мажите му се поважни од кариерата.

Она што многумина не го забележаа во таа епизода е жената на насловната страница на тој број на списанието. Станува збор за Татјана Драговиќ, поранешна сопруга на Горан Иванишевиќ и една од најпознатите хрватски манекенки. Татјана на насловната на „Космополитен“ се појави во 1998 година, а токму тоа била и првата фотографија од неа што ја видел Иванишевиќ. Поради таа фотографија, тенисерот ги искористил сите познанства да дојде до манекенката.

Татјана и Горан се разведоа во 2013 година по 17 години брак, а барањето за развод било поднесено од нејзина страна. Тие имаат две деца. Татјана, според пишувањата на хрватските медиуми, пред неколку години поднела барање во градската управа во Загреб за парична пoмoш поради добивање трето дете, како и барање за еднократна помош од државата. Медиумите пренесуваа и дека Иванишевиќ по разводот продолжил финансиски да ја помага поранешната сопруга и дека ѝ го препишал станот во центарот на Загреб, во кој таа подоцна живеела со новиот партнер.

https://www.instagram.com/p/B2HWP_LljWH/?utm_source=ig_web_copy_link

Татјана имала само 13 години кога влегла во светот на моделите и тогаш учествувала во ревија на „Диор“, а на пистата излегла држејќи се за рaкa со Карла Бруни. Снимала и реклами за многу врвни дизајнери. Нејзиниот брак со Иванишевиќ беше проследен со многу aфepи и шпeкулaции за нeвeрcтвa.

https://www.instagram.com/p/B0jGFzKFUFh/?utm_source=ig_web_copy_link

Поранешниот тенисер речиси две години е во брак со водителката Нивес, со која во 2018 година доби и син, додека Татјана новата љубов ја пронајде во младиот музичар Влахо Арбулиќ, со кого има 4-годишна ќерка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This