(Фото)ПРОФЕСОР ОД ГОСТИВАР ПРЕТЕПАН СО БОКСИРАЧ: Директорот на средното училиште во Гостивар со боксирач претепал професори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професор од Гостивар завршил на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, откако бил физички нападнат со метален боксирач. Друг професор исто така бил жртва на овој напад, но се здобил со полесни телесни повреди, објави ТВ 21.


Екипа на ТВ21 го посети повредениот професор на скопската клиника, кој го потврди инцидентот. Како што тврди тој, биле нападнати од актуелниот директор на општинското средно училиште гимназија „Гостивар“.

ТВ21 го контактираше и директор Џези Камбери, кој ги негира обвинувањата и вели дека не знае кој ги тепал професорите. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го потврди инцидентот.

Таравари во изјава за Фокус вели дека денеска двајца професори во Гостивар биле нападнати од членови на ДУИ.

Едниот од професорите бил тешко повреден и е задржан на неврохирургија со потрес на мозок. Другиот е пуштен дома.

Претходно, во вечерашното гостување на телевизија Телма, Таравари рече дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски често бил на приватни прослави на фунцкционери на ДУИ во Гостивар, и се надева дека ќе преземе мерки овој случај да биде расветлен.

Полицијата се уште се нема произнесено за случајот. ТВ21 обезбеди фотографи и снимки од нападот за кој постои сомнение дека се случил околу 14 часот во училиштето.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This