Припадниците на специјалниот полк при АРМ „Ренџери“ денес одржаа т.н. „Ренџерски игри“ на кои ги тестираа нивните физички способности, менталната и воено стручната подготвеност и издржливоста. На крајот од игрите беа избрани најподготвените специјалци
„Jубилјени петти по ред „Ренџерски игри“. Издржливост, физичка спремност, ментална и воено-стручна подготвеност – елементи низ кои беа избрани најдобрите и најспремните припадници на Ренџерскиот баталјон.
Компилација на војнички препреки и дисциплини кои се што е можно пореални до оние кој војникот ги сретнува на боиштето. Спортски и натпреварувачки дух- фер плеј. Полкот за Специјални Операции во понатамошниот период планира овие игри да ги отвори за учество на екипи и од останатите единици од полкот и АРМ.“ – напиша бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев на својот ФБ профил.