April 27, 2024, 12:37 am

(Фото) Вака ќе изгледа новата Амбасада на САД во Подгорица – вредна 300 милиони долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Црна Гора, Џуди Рајсенг Рајнке, градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ и државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Љубомир Мишуровиќ, го потпишаа каменот кој ќе биде поставен во темелите на новата зграда на Амбасадата на САД.

Амбасадорот на САД им се заблагодарил на сите што ја поддржуваат Амбасадата во овој значаен проект, во кој Владата на САД ќе инвестира 296 милиони долари.

Како што се наведува на веб страницата state.gov, новиот проект вклучува обнова на постојниот имот на Амбасадата и има за цел да ги оживее односите на локацијата со соседниот парк Петровиќ, истовремено прикажувајќи ја и заштитувајќи ја биолошката разновидност во регионот.

Од фотографиите во продолжение може да погледнете како би изгледала амбасадата во Подгорица.

Како што е наведено, дизајнот става голем акцент на почитување на локалната култура и зачувување на локалната средина. Употребата на локален камен за изградба и уредување гарантира дека Амбасадата ќе ја почитува окружувањето на соседните згради.

„Изградбата на новиот кампус на Амбасадата јасно ја покажува важноста на силното и трајно американско-црногорско партнерство“, пишува на ФБ страницата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This