(Фото) Гoлeмa тpaгeдиja гo пoтрece Гостивар: Дeтe гo зaгy6и живoтoт вo пoжap, eднo лицe e пoвpeдeнo..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малолетно лице го загуби животот, а друго повозрасно е повредено во пожар кој утринава избувнал во стан во зграда лоцирана на улицата „Кеј Вардар“ во Гостивар.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски во изјава за Курир истакна дека според првичните информации со кои располага полицијата, пожарот бил пријавен утринава во 8 часот.

-Пожарот избувнал во стан на третиот кат. Две лица биле пренесени во болницата „Ферид Мурад“ каде едно малолетно лице починало. Јавен обвинител и екипи од СВР Тетово се на лице место каде во тек е увид, вели Јосифоски за Курир.

Дежурниот пожарникар Изет Изети за МИА изјави дека непосредно по пријавата за пожар, на терен излегле со две возила и за половина час го локализирале пожарот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This