(Фото) ДОКАЗ ДЕКА ЗАЕВ И ДИМКОВСКИ ЛAЖAТ: Ова се документи за увоз на тутун во ек на откупната сезона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и Трајан Димковски ги лажат тутунарите. Додека домашниот тутун стои не откупен, власта дозволи увоз на тутун. Документи кои го докажуваат увозот на тутун, во ек на откупна сезона. Ова се фактури и барања за дозвола за увоз кои го дeмантираат Заев и Димковски. Тие вчера лaжеа дека увоз на тутун нема. Заев и Димковски ги гледаат во очи и ги лaжaт тутунарите, како и за се останато во државата, истакна денес техничкиот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

Во период од 8 јануари до денес, Заев и Димковски дозволиле увоз на околу 1 милион килограми тутун, во вкупна вредност од неколку милиони евра.

-Да биде трагедијата поголема, тутунот кој е увезен во Македонија е платен од 1 до 2 евра повеќе од цената по која се откупува домашниот тутун. Тутунот кој се увезува е од ист тип на тутун кој што се произведува во Македонија, а се плаќа поскапо од домашниот. Македонските тутунари плачат за денар повеќе и реална процена на тутунот, а Заев и Димковски увезуваат тутун кој се плаќа поскапо. Тутунарите се излaжани и измaнипулирани. Наместо да се откупи домашниот тутун, се увезува странскиот. Додека тутунарите од прилепско молат за повисоки откупни цени, Заев, Димковски и Шапуриќ дозволија увоз на тутун од странство кој се плаќа и над 300 денари. Ова е доказ дека Заев, Димковски и Шапуриќ ги лажат тутунарите. Увоз на тутун има, а домашниот не се откупува. Повикувам власта да не си игра со тутунарите, да се запре увозот на тутун и да се откупи домашниот. Никој не смее да си поигрува со тутунарите, истакна Трипуновски.

Тој посочи дела Заев е причината за сета мака на тутунарите. Сите проблеми ќе завршат по 12 април, кога ќе следува одговорен пристап кон тутунарите и земјоделците во целост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This