(Фото) Евгениј Поп Ацев и Јана Костадинова победници на велешкиот пливачки маратон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во водите на езерото Младост во Велес се одржа осмиот пливачки маратон на кој очествуваат трисетина професионални пливачки и аматери, а триумфира најдобриот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев.

Поп Ацев триумфира на патеката долга 5.000 метри, а на второто место се најде Александар Илиевски. Во женска конкуренција триумфира Јана Костадинова.

Во патеката од 2.500 метри професионални пливачи во машка конкуренција првото место го освои Сергеј Малјановски Арнаудовски, додека второто му припадна на Матеј Димитров. Во женска конкуренција триумфира Лора Крстевска.

На истата делница, но во категоријата аматери најдобри беа Дарко Поп Ацџев и Ивона Наумова. Во категоријата за деца до 11 години најдобар беше Никола Велковски, кој пливаше на патека долга 800 метри, а кај девојчињата победи Неда Стефановска.

Осмиот по ред велешки пливачки маратон се одржа со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од коронавирусот, а ниту променливото време не ги попречи љубителите на пливањето да го проследат сега веќе традиоционалниот маратон кој се одржува на езерото Младост.

Организатор на маратонот е Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“, а техничка поддршка дадоа општинската организација на Црвен Крст Велес и Кајак клубот „Бабуна“ под покровителство на општина Велес. Традиционалниот пливачки маратон свечено го отвори Градоначалникот Аце Коцевски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This