(Фото) Исчистени уште три диви депонии во населбата и селото Драчево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува чистењето на дивите депонии низ општина Кисела Вода. Денес се чистеше на неколку локации во селото и населбата Драчево каде несовесното однесување на поединци создало натрупување на огромни количини смет.

Со соодветна механизација, сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода чистеа на улицата “Студеничанска” во селото Драчево, на улицата “Киро Фетак 1” покрај пругата, исчистена беше и депонијата на улица “Китка”, пред гимназијата во населбата Драчево. Камионите со собраниот отпад повеќе пати се упатија кон Дрисла.

Покрај нарушувањето на ликот на местата каде што се создаваат, дивите депонии се и вистински ризик по животната средина. Оттука, Општина Кисела Вода ќе продолжи со нивно расчистување, но апелира до граѓаните за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота.  

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This