Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар денеска во резиденцијата на Вила Водно го презентираше извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија. Да се потсетиме дека претходно Инфомакс објави дека Вилата Водно се ,,реновираше” односно беа отстранувани таблите на кој пишуваше Република Македонија и се заменуваа со нови со двојзични на кои стои новото име на државата. Интересно е што опозициската пратеничка која гласаше за промена на името, Елизабета Канчевска Милевска пристигна заедно со пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, во истиот автомобил.