(Фото) Ова се xepoите: Ука и Веби го изгacнaa пожapoт во Галичник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Галичката месна заедница информира дека изгаснати се сите жаришта на големиот пожар што од вчера во 13.30 часот па до доцна во ноќта гореше на непристапен терен над селото Галичник, а специјална благодарност им беше упатена до двајцата пожарникари од тетовската противпожарна бригада.

„Вечерва на две локации со интервенција на Командир Ука и пожарникар Веби од тетовската противпожарна бригада и припадниците на АРМ вечерва се затворени и последните две жаришта на пожарот кај Укален. Да се надеваме дека утре пожарот нема да се обнови. Благодарност до Врховниот командант, претседателот Стево Пендаровски и сите други институции за интервенцијата“, соопштија од месната заедница.

Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги гасеа последните остатоци од пожарот. Војниците ба самото место ја поминаа ноќта, а дополнително во текот на целата ноќ во состојба на готовност беа единици координирани од ЦУК.

„Утрово увид на лице место направи пешадиска единица од земја и воздухопловен Винг – воздухопловната единица на АРМ со два хеликоптери од воздух. Сите жаришта се згаснати. Ве поздравуваме и Ви посакуваме спокоен втор ден Велигден!“, информираат од месната заедница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This