April 27, 2024, 11:17 pm

(ФОТО) ОВОШЈЕТО ОД ИДНИНАТА: Ќе биде 3Д печатено и преполно со витамини и минерали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што драстично се намалува популацијата на пчели на Земјата, се зголемува pизикoт дека во иднина ќе се намали родот кај растенијата на нашата планета. Нова генерација иноватори од типот на Мејдан Леви работат на алтернативи за храната која ќе се користи во случај на нajлoшoтo можно сценарио.

Леви ги дизајнираше Neo Fruits, колекција вештачки овошја направени со 3Д печатена целулоза и преполни со здрава мешавина од витамини и минерали. Според Леви, инспирацијата за дизајнот на вештачкото овошје ја добил по истражувањето на новите остварливи начини да се нахрани популацијата на Земјата.

Идејата била да се направи привлечна алтернатива која ќе има двојна улога – да се создаде производствен сектор за еколошка храна и да се подобри прехраната кај луѓето.

За да го релизира овој кулинарски проект Леви најпрвин работел со неколку нутриционисти за да се создаде мешавина од витамини и минерали за секое овошје. Комбинациите кои тие ги создале имаат за цел целосно да ги задоволат потребите за хранливи состојки на тeлoтo.

Кога го утврдиле хранливите вредности на овошјето, следниот чекор бил создавање на самото овошје со помош на иновативни технологии за 3Д печатење. Надворешната школка на овошјето е испечатена од провидна целулоза. Целулозата е испечатена во рамна, компресирана форма, а кога преку вградените apтepии ќе се додадат течностите богати со хранливи состојки, се добива формата на сочно овошје.

Леви објаснува дека процесот е доста одржлив затоа што кога сувото овошје е сплескано и рамно, тоа е лесно, што значи дека има дoлг век на полиците и лесно се транспортитра.

Моментално во колекцијата Neo Fruit има пет видови овошје. Секое од нив има посебен вкус во зависност од содржината. За да ги создаде уникатните вкусови Леви работек си беколку шефови кои се специјализирани за молекуларно готвење за да се создадат тесктурите, боите и вкусовите на овошјето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This