(Фото) Од Рacaдник зaпoчнa гeнepaлнoто чиcтeњe нa oпштинa Киceлa Boдa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од утринава во населбата Расадник интензивно се работи. Се мијат улиците, се перат плочниците и тротоарите, се метат паднатите лисја, се врши косење на нараснатите тревни површини, се чистат мини депониите.

Во оваа акција за генерално чистење, се вклучени дваесетина сезонски работници ангажирани од Општина Кисела Вода, кои чистат и рачно и со два камиони и цистерна.

– Ќе го зголемиме бројот на сезонски работници, ќе ја подобриме услугата од комуналните служби, со што ќе обезбедиме чисти улици и средени паркови, за секого и во секое време. Ќе се работи со засилено тепмо, па набрзо, нашите жители ќе имаат чиста и зелена општина, онака како што доликува-најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Урбаната заедница Расадник е првата од населбите во Кисела Вода во која ќе се врши генерално чистење. Општина Кисела Вода преку секторот за месна самоуправа и социјална заштита, во наредниот период ќе спроведе  акции по сите урбани и месни заедници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This